27/04/2024
Македонија

Известување до учениците и родителите за првото пријавување во јавните средни училишта

Почитувани ученици, почитувани родители,
Во тек е првото пријавување на учениците за упис во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023-2024 година. Учениците можат да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21.06.2023 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.
Министерството за образование и наука во врска со потребните документи за запишување, Ве известува дека пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни и да се испечати по објавување на ранг листата. Учениците кои се на листата, ја доставуваат потребната документација за запишување  до училиштето во утврдените рокови.
Пополнетата електронска пријава од страна на учениците може да се генерира со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги. Истата може да се повлече преку порталот за е-услуги на МОН, преку печатење со сивото копче печати во сегментот МОИ АПЛИКАЦИИ на порталот –  по отварање на електронската пријава на ученикот.
Со почит,
Министерство за образование и наука