01/05/2024
Македонија

Како резултат на успешната соработка меѓу германската и македонската полиција – приведен разбојник, наш државјанин, баран по меѓународна потерница

На 07.06.2022 во Сојузна Република Германија од слобода е лишен В.К.(31), македонски државјанин, кој беше баран со меѓународна потерница, а е осуден на пет години казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, сторено во 2013 година.

Апсењето на В.К. е резултат на успешната соработка на полициите на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија, благодарение на која досега се приведени повеќе криминалци, а е помогната и поддржана од регионалниот проект на ЕУ – Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019.