27/04/2024
Македонија

Ковачевски: Продолжуваме да обезбедуваме поддршка за греење за најранливите домаќинства

Владата ќе им помогне на  ранливите категории граѓани и семејствата кои не можат да обезбедат огрев порача премиерот Ковачевски по Советот за безбедност. Ковачевски истакна дека Владата за најранливите категории на граѓани уште од почетокот на корона кризата, обезбедува финансиска поддршка за основни прехранбени производи и за енергенси.

 „Тоа ќе продолжи и сега е на сила мерка со која што за најранливите категории на граѓани се обезбедуваат средства за греење и за набавка на енергенси за греење, и тоа се исплаќаат на нивните сметки“, истакна Ковачевски.

Премиерот упати апел до одредени домови и правни лица кај кои е забележана енормно висока потрошувачка на електрична енергија поради голема веројатност од копање криптовалути, тоа треба да се прекине, затоа зошто таа електрична енергија која што се користи во енормни количини е субвенционирана енергија од сите граѓани.

„Секое неразумно, непродуктивно, несовесно трошење на електричната енергија предизвикува прво недостаток на електрична енергија, дополнителни издатоци од буџетот и недостаток  за снабдување  со електрична енергија на оние кои што им ја треба за извршување на најважните лични и деловни потреби“, апелираше премиерот.