29/04/2024
Македонија

Јајцата од кокошка, оризот се со замрзнати цени, намалена и цената на брашното, најавено намалување на цените на овошјето, зеленчукот и хигиенските производи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на еден од маркетите во Скопје. 

Посетата е со цел да се провери фактичката состојба со снабденоста и цените на основните прехранбени продукти, меѓу кои јајцата од кокошка и оризот, за коишто Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за замрзнување на цените, како и проверка на снабденоста и цената на брашното.

„Драго ми е што денеска се уверив дека нашите одлуки се почитуваат, што, се надевам е случај и во другите маркети. Ваквата мерка ќе остане во важност до крајот на април 2023 година, со тенденција вакви слични мерки да донесеме и за други прехранбени производи, ако за тоа се укаже потреба, според претходно направени анализи какви што во моментов правиме.

Пријатно се изненадив и што видов и дека и малопродажната цена на брашното е намалена во дел од маркетите, без при тоа, државата да донесе официјална одлука за тоа, а таа е направена врз основа на разговорите кои ги имавме со производителите на брашно, како и врз основа на намалувањето на дел од трошоците кои ги имаат во нивниот производствен трошок. 

Ваквиот потег го поздравуваме и ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој пример“, изјави премиерот Ковачевски, за време на посетата на маркетот.

Тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија носи одлуки кои го штитат семејниот буџет.

„Сакам да ја уверам македонската јавност дека нашето присуство овде не е случајно. Владата, и јас како прв човек во Владата, водиме практична, инклузивна политика. Носиме одлуки кои ги засегаат граѓаните и затоа, сакаме лично, на терен, да го слушнеме гласот на граѓанинот, гласот на народот, како реакција на политиките кои ги спроведуваме и одлуките кои ги носиме“, рече премиерот, кој најави можно намалување и на цените на овошјето и зеленчукот.

Премиерот потенцира дека мерките за замрзнување на цената на јајцата од кокошка, како и оризот, а пред тоа, на млечните производи, тестенините и лебот, се носат во насока да се помогне на граѓаните.

„За мене е сосема јасно и тоа сум го кажал во сите прилики од септември до денес, дека трошоците за живот се зголемени како резултат на војната која се води во Украина и заради тоа Владата донесе низа на мерки од зголемување на минималната плата, зголемување на пензиите, зголемување на финансиската помош на најранливите категории на граѓани. 

Донесовме антикризни мерки од 760 милиони евра, кои беа наменети исклучиво за најранливите категории на граѓани и задржување на ликвидноста на компаниите“, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека според параметрите, од октомври досега, инфлацијата се намалува на месечно ниво.  

Премиерот појасни дека мерките се во насока на заштита на домашниот пазар и побара разбирање од компаниите.  

„Барам разбирање од претставниците на компаниите, од бизнисмените, од трговците. Владата на Република Северна Македонија помагаше во текот на сите кризни години откако почна пандемијата и потоа продолжување на енергетската криза, на економската криза, предизвикана од војната во Украина, при што никој не беше оставен сам да се справува со кризата.

Сите се сеќавате на мерките кои ги имавме за поддршка на платите во индустријата кога поради Корона кризата не работеа индустриски објекти. Владата обезбедуваше плати, Владата обезбедуваше евтини кредити преку Развојната банка за задржување на ликвидноста. Сега е време сите компании, заедно со Владата, да вратат на граѓаните, кои се оние коишто ги градат преку своето купување нашите македонски компании. 

Пруживме рака тогаш за да овозможиме стабилност на бизнисите, а сега бараме за возврат пружање рака од нивна страна“, нагласи премиерот.

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави можност за понатамошни намалувања на цените на производите.

„Најверојатно утре, на владина седница, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во текот на оваа недела ќе бидат замрзнати и цените на дел од овошјето и зеленчукот. Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. 

Со одлука на Владата, ќе ги намалиме цените на лепеза хигиенски производи на истиот начин како што го сторивме тоа и кај цените на прехранбените производи, до одреден датум, но датумот до кога ќе трае замрзнувањето ќе се дознае утре“, нагласи министерот за економија, Бектеши. 

Тој додаде дека се прават анализи за увозните цени на трговците и согласно наодите, ќе се носат одлуки за натамошно замрзнување на цените.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски изјави дека сите инспектори се на терен и дека кај дел од правните субјекти се констатирани прекршоци, за што се водат постапки. Тој апелираше до трговците да ги намалат цените и на другите производи, доколку се во можност.

„Инспекторите се на терен и постапуваме со својот полн капацитет. Изминатите 5 дена, извршени се над 500 надзори, од кои 130 по одлуките на Владата за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 750.000 денари. 

Нема да се постапува селективно и секој оној кој прекршил закон ќе одговара согласно прекршокот“, рече директорот Трајковски.


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на еден од маркетите во Скопје.

Во продолжение изјавата на премиерот Ковачевски во целост:

„ Почитувани медиуми, почитувани граѓани,

Денеска, заедно со министерот за економија, г. Крешник Бектеши, и со директорот на ДПИ повторно сме на терен со цел да се увериме во фактичката состојба со продажбата и цените на основните прехранбени продукти, меѓу кои, јајцата од кокошка и оризот, за кои, пред една недела, донесовме одлука за замрзнување на цените на нивото на кое беше на 15 март годинава.

Драго ми е што денеска се уверив дека нашите одлуки се почитуваат, што, се надевам е и случај и во другите маркети. 

Ваквата мерка ќе остане во важност до крајот на април 2023 година, со тенденција вакви слични мерки да донесеме и за други прехранбени производи, ако за тоа се укаже потреба, според претходно направени анализи какви што во моментов правиме.

Пријатно се изненадив и што видов и дека и малопродажната цена на брашното е намалена во дел од маркетите, без при тоа, државата да донесе официјална одлука за тоа а таа е направена врз основа на разговорите кои ги имавме со производителите на брашно како и врз основа на намалувањето на дел од трошоците кои ги имаат во нивниот производствен трошок. 

Ваквиот потег го поздравуваме и ги охрабруваме и другите продажни места да го следат овој пример.

Сакам да ја уверам македонската јавност дека нашето присуство овде не е случајно. Владата, и јас како прв човек во Владата, водиме практична, инклузивна политика. Носиме одлуки кои ги засегаат граѓаните и затоа, сакаме лично, на терен, да го слушнеме гласот на граѓанинот, гласот на народот, како реакција на политиките кои ги спроведуваме и одлуките кои ги носиме.

За мене е сосема јасно и тоа сум го кажал во сите прилики од септември до денес, дека трошоците за живот се зголемени како резултат на војната која се води во Украина и заради тоа Владата донесе низа на мерки од зголемување на минималната плата, зголемување на пензиите, зголемување на финансиската помош на најранливите категории на граѓани. 

Донесовме антикризни мерки од 760 милиони евра, кои беа наменети исклучиво за најранливите категории на граѓани и задржување на ликвидноста на компаниите. 

Се наближуваат големите верски празници Велигден и Бајрам. Време кога на празничната трпеза се изнесуваат што е можно повеќе продукти, со цел таа да е побогата, а и да се подели со ближните, со пријателите и со немоќните, кои имаат помалкуи и кои не можат да си ги дозволат сите работи. 

Мерката за замрзнување на јајцата од кокошка и оризот, ја носиме токму во оваа насока, да помогнеме секому и секаде, во пресрет на празниците, но и општо, на сите кои имаат за цел да ги прослават празниците а ние да ги пресретнеме побезболно инфлационите текови кои владеат денес во светот и да ги надминеме предизвиците од светската економска и енергетска криза.

Сите веќе ги гледаме податоците дека веќе од октомври до денес инфлацијата се намалува на месечно ниво. Тоа значи дека мерките кои Владата ги презеде имаат влијание врз намалувањето на висината на инфлацијата. 

Претходно, како што сите знаете, ги замрзнавме, односно намаливме цените на дел од млечните производи за 10 проценти и на дел од тестенините на 15 проценти. Пред тоа, ја замрзнавме и цената на белиот и полубелиот леб.

Со овие мерки кои ги донесовме во полза на граѓаните и заштита на домашниот пазар, обезбедуваме и рамнотежа на пазарот со цел да не се наруши доставувањето на стоките во продавниците и затоа за последната мерка донесовме уште една одлука а тоа е дека малопродажните објекти мора да го одржуваат нивото на продажба на јајцата, на оризот на ниво од јануари и февруари на ниво кое обезбедува задоволување на потребите, за да не се случи преголем извоз бидејќи цените кои ги има во регионот се на повисоко ниво од цените кои ги имаме во нашите продавници. 

И во оваа прилика, како и повеќепати досега, сакам да укажам и да порачам дека нема да застанеме. Ќе продолжиме и натаму да го штитиме стандардот на граѓаните, ќе продолжиме и натаму да носиме мерки и нема да дозволиме лично богатење на никого во време на криза. 

Повторувам уште еднаш ова е врема на солидарност а не е време на остварување на екстра профити.

Барам разбирање од претставниците на компаниите, од бизнисмените, од трговците. Владата на Република Северна Македонија помагаше текот на сите кризни години откако почна пандемијата и потоа продолжување на енергетската криза, на економската предизвикана од војната во Украина при што никој не беше оставен сам да се справува со кризата. 

Сите се сеќавате на мерките кои ги имавме за поддршка на платите во индустријата кои заради корона кризата не работеа индустриски објекти, владата обезбедуваше плати, владата обезбедуваше евтини кредити преку развојната банка за задржување на ликвидноста. 

Сега е време сите компании заедно со Владата да вратат на граѓаните кои се тие кои ги градат преку своите купување нашите македонски компании. 

Пруживме рака тогаш за да овозможиме стабилност на бизнисите, а сега бараме за возврат пружање рака од нивна страна.

Само така, со взаемна помош можеме да ја пребродиме светската економска криза, која, се надевам, заеднички, ќе ја надминеме полесно.
МЗШВ информираше накусо дека веќе се прават анализите односно скоро и се завршени во делот на цените на овошјето и зеленчукот. 

Врз основа на тие анализи ќе следуваат исто така мерки кои се однесуваат на можно намалување на цените и на овошјето и зеленчукот бидејќи она што го правиме, ги гледаме производните цени кај производителите и финалните цени кои се во малопродажба каде што гледаме прилично голема дискрепанца и тука ќе мора да се интервенира.“