26/04/2024
Македонија

Македонските апликанти во 2018 година добија 220 200 евра поддршка од Креативна Европа-МЕДИА

Преку програмата Креативна Европа – МЕДИА, македонските апликанти во 2018 година добија вкупна поддршка од 220 200 евра на повеќе различни повици, соопшти МЕДИА Деск Македонија …

Фестивалот на документарен филм „Македокс“ на повикот за фестивали веќе трета година добива поддршка, а на повикот за онлајн-дистрибуција поддршка доби онлајн-платформата „cinesquare.net“.

Дополнително, на повикот за селективна дистрибуција поддршка доби дистрибутерската куќа MCF MKD. Од ноември 2018 официјално и Кинотеката на Македонија стана член на мрежата Europa Cinemas, финансирана од Креативна Европа МЕДИА, со што Македонија има официјално три кина во оваа мрежа заедно со киното Милениум и Центарот за култура – Битола.