29/04/2024
Македонија

МВР почна со достава на готови лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје

Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици. Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје.

Исто така, ги известуваме граѓаните дека во сабота (27.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ (од 08 до 16 часот).