03/05/2024
Македонија

Мицкоски: До 14 часот се собрани над 22.000 потписи за идната претседателка на Македонија Силјановска Давкова, оваа е силен индикатор дека граѓаните се одлучни за промени

Почитувани,

Најпрво да се заблагодарам на граѓаните што во огромен број на самиот почеток од денешниот ден дадода поддршка на идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.

Мислам дека е историски самиот ден. Од оној пресек кој што го добивме некаде околу 12 часот, можеме да заклучиме дека до тогаш се собрани во насока на поддршка за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова повеќе од 15.000 потписи. Додека пак би рекол условно кажано за противкандидатот некаде околу 7500 потписи се собрани.

Очекуваме до крајот на денот да се соберат навистина огромна бројка на потписи до сега не забележана во македонската историја за само еден ден во знак на поддршка на еден од кандидатите во случајот идниот претседател на Македонија, тоа е Гордана Силјаноска Давкова.

Благодарам на македонските граѓани, им благодарам на сите оние кои излегоа се потпишаа во знак на поддршка за нејзината кандидатура. Исто така и на оние кои што не успеа денеска да дојдат и да се потпишат за кандидатката на професорката Гордана Силјановска Давкова. Но, истовремено да се заблагодарам на сите оние граѓани кои што го дадоа својот потпис и за другите кандидати до овој момент. Претпоставувам до 8ми март ќе има уште можност за некои од кандидатите кои што ги немаат исполнето условите да се потпишуваат, бидејќи на тој начин само се збогатува демократскиот процес, бидејќи знаете имавме политички партии кои што се закануваа со излезеност во вториот изборен круг доколку некои од политичките барања не бидат исполнети, што навистина нема никаква врска ниту со демократијата, ниту пак со процесите во кои што треба да се движи Македонија.

Уште еднаш голема благодарност во овој момент според она што сум неофицијално информиран, ако се направи пресек околу 14 часот, бројката веќе е над 22.000 собрани потписи за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и очекувам до затворањето на канцелариите на ДИК и нотарските канцеларии, бидејќи во четири места собираме во нотарски канцеларии, тоа е Аеродром, Ѓорче Петров, Петровец Илинден, затоа што Аеродром собира во Центар, па за да не се создава таму гужва и метеж, затоа се користи таа можност пред нотар да се собираат потписи. Истото важи и за Ѓорче Петров, бидејќи Ѓорче Петров собира во Карпош да не се создава дополнителен метеж, се собира во нотарска канцеларија. И истото важи за Илинден и Петровец, бидејќи тие собираат во Гази Баба, за да не се создаде и онака таму има огромна редица на граѓани кои што се потпишуваат за поддршка на Гордан Силјановска Давкова, да не се направи дополнителен метеж.

Голема благодарност до граѓаните, на месец дена сме до официјалниот почеток на кампањата, ова се навистина силни индикатори, и исто очекувам огромна победа најпрво на 24 април, а потоа двојна победа на 8ми мај.