04/05/2024
Македонија

На Градскиот пазар во Велес одземени над 1.400 парчиња пиротехнички средства

На 19.12.2023 во 10.50 часот на Градскиот пазар во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода И.Ќ.(69) од Велес.

При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 парчиња разновидни пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден (19.12.2023), при преглед на тезга на Градскиот пазар, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес кај Ц.З.(62) од Велес пронашле и одзеле 300 парчиња пиротехнички средства. Со лицето бил извршен службен разговор во Полициската станица Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава