28/04/2024
Охрид

Превентивни активности на СВР Охрид

Денеска (07.03.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Охрид беа спроведени превентивни активности во рамки на кампања – “Не користи мобилен телефон“ . Притоа на повеќе локации на подрачјето на Охрид полициските службеници на учесниците во сообраќајот им укажуваа за важноста од почитувањето на прописите поврзани со неупотребата на мобилни телефони при возење, а воедно им делеа печатени материјали, изработени со поддршка од РСБСП со едукативна содржина, особено околу ризиците што ги носи користењето на мобилен телефон додека се управува со моторно возило.

Инаку, во изминатите денови од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид и Полициската станица од општа надлежност Дебар беа реализирани четири едукативни работилници на тема – “Говор на омраза“ при што учениците од прва година од средното дебарско училиште “28-ми Ноември“-Дебар како и учениците од средното училиште “Ата-Центар“ од Жупа, преку видео презентација беа запознаени со штетноста и последиците од говорот на омраза. Целта на овие едукативни предавања беше подигање на свеста на децата за поимот – говор на омраза – како и препознавање, превенирање и спречување на оваа социо-девијантна појава.