29/04/2024
Македонија

Прекинат праг на алармирање за Гостивар, Кичево и Кавадарци

Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 25.12.2022 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 и епизодата од два последователни дена е прекината во Гостивар, Кичево и Кавадарци. За овие градови престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање.