28/04/2024
Македонија

Претреси во Скопје, пронајдено оружје, приведени две лица (фото)

Денеска (18.06.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје поради сомнение за кривично дело по чл.396 и чл.215 од КЗ, извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин на Косово со живеалиште во с.Кондово, скопско, и кај неговата партнерка А.Ѓ. (34) во Скопје.

При претресот кај Г.Б., била затекната и А.Ѓ., а пронајдени се три рачни бомби, еден рачен ракетен фрлач -зоља, еден пиштол, еден дел од пиштол, четири рамки од автоматска пушка, 164 куршуми различен калибар и шест ловни патрони. Лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица и против нив, во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.