28/04/2024
Македонија

Претрес во Велес, пронајден кокаин, лишен од слобода дилер

На 14.01.2024 во 16.20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, бил пронајден и одземен кокаин. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.