28/04/2024
Македонија

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведен дилер

Денеска (19.10.2023) околу 02.30 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Е.З.(26) од Кичево. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.