30/04/2024
Македонија

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

На 20.10.2023 во 14.40 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кичево бил лишен од слобода В.С.(19) од Кичево. При претрес во дом и помошни простории каде привремено престојува В.С., извршен со наредба од Основен суд Кичево, биле пронајдени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, куршум и други предмети со остатоци од марихуана.

Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, како и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, лицето е приведено и задржано во ОВР Кичево, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.