28/04/2024
Македонија

Претрес во Македонски Брод, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

На 06.08.2023 во 07.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода М.З.(61) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „Зброевка брно “ калибар 22 мм, рамка со 32 куршуми и еден пиштол со рамка со 51 куршуми калибар 7.65мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.