29/04/2024
Охрид

Претрес во Пештани, приведен рибокрадец

На 08.12.2023 во 17.00 часот во СВР Охрид лишен од слобода е К.М.(40) од охридското село Пештани.

Тој претходно, во атарот на истото село, бил затекнат при вршење кривично дело „незаконит риболов“, а при претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, пронајдени се и одземени 45 парчиња риба белвица, рибарски мрежи и друг риболовен алат.

За настанот известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.