27/04/2024
Македонија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Денеска (24.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Б.М. и М.М. во Скопје.

При aпретресот пронајдени се околу еден килограм марихуана, прашкаста материја, две дигитални ваги и поголема сума на пари. Лицата се лишени од слобода и против нив по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.