28/04/2024
Македонија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Денеска (23.06.2023) полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Д.(42) и А.А.(43), двајцата од Скопје. При претрес во домот на И.Д, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. Исто така, во домот бил затекнат А.А.. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.