08/05/2024
Македонија

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври – Денот на народното востание

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, на платото пред Владата на Република Северна Македонија.

Делегации од Кабинетот на претседателот присуствуваа на чествувањето на Денот на народното востание и во Куманово и Прилеп и положија свежо цвеќе пред Спомен – костурницата во Куманово, споменикот на Методија Андонов – Ченто, споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и Могилата на непобедените во Прилеп.

Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание годинава се одржаа под мотото „Секогаш на вистинската страна“.