02/05/2024
Македонија

Приведено лице од кичевско, превезувал огревни дрва без документација

На 18.07.2023 околу 13.00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 60-годишниот В.П. од кичевско Тајмиште.

Тој со товарно моторно возило „фап“ со охридски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи. В.П. е задржан за документирање на случајот, додека возилото со потврда му е одземено за натамошна постапка и ќе следува соодветна пријава.

Фото: Илустрација