27/04/2024
Македонија

Приведено лице од тетовско поради мачење животни

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера (21 февруари) околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“.

Тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.