02/05/2024
Македонија

Приведен бегалец, осуден на казна затвор од 15 години

Денеска (24.07.2023) од страна на полициски службеници од тим Потраги од Одделението криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен е од слобода Ш.А.(37) од Скопје. За него била распишана централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово, каде издржувал казна затвор во времетраење од 15 години.

Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.