29/04/2024
Македонија

Приведен кичевец баран по потерница

На 19.02.2024 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле В.М.(61) од Кичево. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.