26/04/2024
Македонија

Приведен крадец по распишана централна потерница

Денеска (25.11.2021) во 11.00 часот ул.„Скупи”, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Н.П.(35) од Скопје. Тој се барал со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.