03/05/2024
Македонија

Приведен крадец, расчистени пет кривични дела извршени во цркви

На 20.07.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишија од слобода С.А., со што се расчистени 5 кривични дела кои тој ги извршил, и тоа една тешка кражба во црква на подрачјето на Гази Баба, две тешки кражби во цркви на подрачјето на Аеродром, една тешка кражба во црква во нас. Бутел на подрачјето на Чаир и една кражба во црква во нас. Ѓорче Петров.

Тој е приведен во полициска станица Гази Баба и при извршен службен разговор С.А. го појаснил начинот на извршување на кривичните дела. Во консултација со јавен обвинител од страна на Единицата за внатрешни работи Гази Баба во текот на денешниот ден (21.07.2023) е поднесена соодветна пријава по брза постапка и лицето е изведено пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор.