29/04/2024
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска (28.10.2023) околу 18 часот на ул.”Маршал Тито” во Штип, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Ф.Ш. (39) од Зрновци, кој бил баран со потерница по наредба од КПУ Затвор Куманово за доиздржување на затворска казна. Ф.Ш. бил осуден на казна затвор од 2 години и 5 месеци за сторено кривично дело по член 144 став 3 и 378 став 3 од КЗ на РСМ, а за доиздржување имал 1 година, 1 месец и 18 дена. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.