01/05/2024
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години

Денеска (01.11.2023) околу 13.20 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на ул.„Бутелска“ во Скопје го лишија од слобода Е.К.(22) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд-Скопје за издржување казна затвор од две години, а во врска со член 236 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.