29/04/2024
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница, осуден на близу 13 години затвор

Денеска ( 24.08.2022) година во 14:50 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со ОКП при СВР Струмица, во Струмица го приведоа А. Т. (35) од Струмица, лице барано по централна потерница од КПУ-КПД Идризово-Скопје, кој во врска со чл.193 и чл.188 од КЗ на РСМ , бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и 11 месеци, а за доиздржување имал 2 години и 11 месеци.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.