28/04/2024
Македонија

Приведен криминалец осуден на четири години затворска казна

Денеска (29.07.2022) во 12.05 часот на улица „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(54) од Косово, со живеалиште во Скопје.

За него била распишана централна потерница на барање од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години, за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржуваaње на казната.