29/04/2024
Македонија

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени шест лица од Сирија

Денеска (23.12.2023) околу 15 часот на автопат А1, кај клучка Миравци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода А.А.(37) од Неготино затоа што во патничко возило “тојота авенсис” со скопски регистерски таблички превезувал шест лица од Сирија. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.