28/04/2024
Македонија

Приведен криумчар од Србија, пронајдени мигранти од Сирија

Денеска (15.05.2023) во 12.15 часот во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Н.(30) од Република Србија.

При контрола во патничко возило „форд мондео“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар.

По целосно документирање на случајот против М.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.