26/04/2024
Охрид

Санкционирани и исклучени од сообраќај 18 пијани возачи на подрачјето на СВР Охрид

На 18/19.12.2021 во периодот од 21.00 до 03.00 часот на целото подрачје на СВР Охрид извршени се сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои управувале под дејство на алкохол (Охрид-09, Струга-06, Кичево-02, Дебар-01).

Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Во пресрет на претстојните празници сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.