28/04/2024
Македонија

Со измени во Правилникот за урбанистичко планирање создаваме нова можност за поставување на фотонапонски електроцентрали

Министерството за транспорт и врски водејќи се од транспарентноста во процесот при подготовка на законските и подзаконските акти, а имајќи ја предвид енергетската криза, пристапи кон измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во насока на овозможување за реализација на фотонапонски електроцентрали во планови со исклучиво уредена намена од групата на класи на намени „Г“. 

Со оваа измена ги доуредуваме постапките за поставување на фотоволтаични електроцентрали заради искористување на сончевата енергија како најевтин енергетски ресурс и како еколошки најисправен начин на производство на енергија.

Исто така водејќи се од широката јавна расправа и вклучување на стручната јавност, граѓанскиот сектор и сите други заинтересирани страни, Министерството за транспорт и врски направи усогласување на членовите 117 и 122 во Правилникот за урбанистичко планирањево кој се брише терминот стекнати права за градење.

Со измените уредуваме дека при изработка на нов урбанистички планпланските одредби се усогласуваат со одредбите од правилникот и со планотод повисоко ниво.

Исто такасо измените на Правилникот се уредуваначин доколку се утврди декамаксималната висина и другите параметри што ја уредуваат големината и функционалниот капацитет на градбите утврдени во важечкиот урбанистички план ги надминуваат просторните можности за развој на конкретното или на друг начин се нарушува јавниот интерес, тогаш истите можат да се изменат со нов урбанистички план.

Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски се силно посветени на поедноставување на сите постапки се со цел да го намалиме влијанието на енергетската криза и да го заштитиме животниот стандард на граѓаните, а притоа да не влијаеме врз загадување на животната средина.