27/04/2024
Македонија

Спасовски: Исплатен регрес за годишен одмор од 10.000 денари за вработени во МВР

Денеска го исплаќаме надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари.

Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните.
Продолжуваме! 🇲🇰