27/04/2024
ОхридСтруга

Спасовски на средба со раководството на Регионалниот центар Запад, СВР Охрид и ОВР Струга во рамки на активноста „Безбедно лето 2023”

Денеска (13.07.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на проектот „Безбедно лето 2023”, оствари средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, Секторот за внатрешни работи Охрид и Одделението за внатрешни работи Струга.

Министерот Спасовски беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на РЦ Запад, СВР Охрид и ОВР Струга, за состојбите со криминалитетот, како и за активностите кои се преземаат во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција.Согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на подрачјето во надлежност на овие организациони единици на МВР е стабилна без индиции истата да биде нарушена, што е особено важно за граѓаните од овој дел, но и во рамки на генералната безбедносна оценка за државата.
Бројот на туристи пред самиот ек на туристичката сезона е зголемен за 40% – престој на странци до 3 месеци, годинава таа бројка изнесува 50817 лица странци во споредба со истиот период минатата година кога таа бројка изнесуваше 36843. Протокот на патници на граничните премини кои спаѓаат во склоп на РЦ Запад споредбено со истиот период од минатат година 2023 /2022 бележи зголемување за 16 % односно регистрирано е влез/излез 1.527.153 во споредба со минатата година кога бројката беше 1.320.304 патници.

Во делот на илегалната миграција се бележи намалување на илегални преминување на нашата граница како резултата на мерките и активностите кој се превземаат на терен и добрата поставеност на нашите служби, откриени се 36 лица при обид за незаконско преминување на државната граница од кои 4 Мароко , 3-Сирија , 2-Палестина, 2-Холандија и 25 лица од Албанија.

Вкупниот криминал на подрачјето на СВР Охрид во изминатите пет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 22%. Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година, бележиме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 38%, споредбено со истиот период лани.

Класичниот криминал на територија на СВР Охрид во првите пет месеци од 2023 година бележи намалување 20%. споредбено со истиот период 2022 година.

Исто така бележиме намалување и во делот на економскиот криминал каде годинава во споредба со првите пет месеци од минатата имаме намалување за цели 38% на територија на СВР Охрид. Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Од страна на СВР Охрид во првите пет месеци во текот на 2023 година реализирани се 52 настани за превенција. На подрачјето на ОВР Струга во првите пет месеци од 2023 година компаративно со истиот период лани бележиме намалување за 28% на вкупниот број регистрирани кривични дела. Во областа на класичниот криминалитет пак оваа година имаме намалување за 31% споредбено со минатата година.

На крајот од средбата министерот Спасовски изрази уверување дека колегите од РЦ Запад, СВР Охрид и ОВР Струга и во наредниот период ќе продолжат со зголемен интензитет при реализацијата како на превентивните активности, така и на репресивните мерки, а со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните.