27/04/2024
Македонија

Спасовски: Создаваме професионална полиција

Наш императив како раководство на МВР е професионална полиција која одговорно и стручно ќе постапува во сите полициски дејствија. Така, со прецизирање на одредбите од Законот за внатрешни работи, се воведува обврска за работниците за пријавување на имот и интереси, како и ревидирање на дисциплинските процедури во Министерството, а со цел зајакнување на можностите на земјата за борба против корупцијата, особено во однос на транспарентноста, интегритетот и одговорноста на вработените во јавниот сектор и институциите.

🔹Суштински и квалитетно го ревидиравме постојниот систем за дисциплинска одговорност на вработените во Министерството, со предвидување на нов организациски облик, Одделот за дисциплински постапки кој гарантира, односно обезбедува висок степен на професионалност, специјализираност, објективност и унифицираност во работата и рационалното користење и располагање со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи. На овој начин, со централизиран организациски облик, овозможуваме континуирана професионална надградба, преку стручна обука на работниците во новиот организациски облик, насочена кон надградување на знаењата и капацитетите неопходни за анализа и одлучување во случаите на утврдување на дисциплинска одговорност на работниците.

🔹Во согласност со измените на Законот за внатрешни работи се пропишува децидна обврска за давање Изјава за имотна состојба и интереси. Тоа е обврска пропишана за кандидатите при засновање на работен однос, за работниците при промени во имотната состојба, како и при престанокот на работниот однос на секој работник. Оваа обврска позитивно ќе влијае на посветеноста на секој вработен во Министерството и изградбата на однос кон законите и законското работење.
Затоа со право верувам дека во наредниот период, продолжувајќи во континуитет со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети, можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето на сите организациски единици на Министерството.

#МВРфакти