27/04/2024
Македонија

Стипендии за магистерски и докторски студии во Тајван за академската 2024 година

Министерството за образование и наука информира за можноста студенти од Северна Македонија да добијат стипендија за студирање во Тајван.

Во 2024 година, Фондот за меѓународна соработка и развој на Владата на Тајван – The TawanICDF  обезбедува стипендии за Северна Македонија за студирање во Тајван, во рамки на 25 магистарски и 3 докторски програми од областа на електротехниката и компјутерски науки, здравство, земјоделство и рибарство, бизнис менаџмент, образование, угостителство и хотелска индустрија.

Наставата ќе се одржува на англиски јазик, а тајванската влада ќе ги покрие трошоците за школарина, книги, сместување, трошоци за живот и повратен авио билет од економска класа.

Пријавите за стипендија се примаат од 1 -ви декември 2023 до март 2024 година.

Подетални информации може да се најдат на веб страницата: https://ppt.cc/fdd4Kx