30/04/2024
Македонија

Уапсен сторител на кривично дело “изнуда”, определена мерка притвор во траење од 30 дена

На 05.04.2024 во СВР Скопје, М.Г. од Скопје пријавил дека од ноември 2023 до денот на пријавување, лицето И Ј. од Скопје во повеќе наврати му изнудувал парични средства упатувајќи му закани по живот. На тој начин М.Г., според пријавеното, на И.Ј. му исплатил вкупно 180.000 евра.

Истиот ден околу 17.00 часот, по претходен договор помеѓу нив, на ул.”Симеон Кавракиров” во Скопје М. Г. му предаде 500 евра на И.Ј., кои претходно беа криминалистичко-технички обработени. Веднаш потоа, во заедничка акција на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при Одделот за сузбивање на сериозен криминал и Единицата за насилен криминал при СВР Скопје И. Ј. беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошно постапување.

Денеска (06.04.2024), Единицата за насолен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј. по брза постапка за сторено кривично дело ,,изнуда” по член 258 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.