29/04/2024
Македонија

Хеликоптерската единица при МВР го изгасна пожарот во реонот на Демир Капија

Денеска(29.07.2023), Хеликоптерската единица за посебни намени при Министерството за внатрешни работи со хеликоптер Ми-171, активно беше вклучена во гаснење на пожар во реонот на Демир Капија, во околината на местото Дрен, близу Дошница.

На локацијата што беше зафатена со пожарот направени беа три циклуси со ведро и беа исфрлени 7500 литри вода со што пожарот успешно беше изгаснат.

За потсетување, во изминатиот неколкугодишен динамичен период на развој беше инвестирано во низа неопходни инфраструктурни потреби на оваа Единица, не само од аспект на материјално-техничките потреби, туку паралелно се работеше и на одржување на високо технолошко ниво – преку редовно ремонтирање на леталата и нивна модернизација, како и набавка на опрема на леталата и за оперативни активности од спасувачки карактер, особено во делот на гаснење пожари. Имено, препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, МВР ја опреми Единицата со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Притоа, беше набавено едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“ кои ги гледаме на дело. За да се овозможи успешно користење на опремата, беше спроведена меѓународна обука, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари. Обуката успешно ја завршија и се сертифицираа сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени.