120 години ОУ „Св.Климент Охридски“

Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид, на ден 5. 12. 2018 година, ќе го одбележи својот Патронен празник, а воедно и јубилејот 120 години од основањето на училиштето.

По тој повод во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 18:15 часот ќе биде отворена изложба и продажна акција, а во 19.00 часот ќе се одржи свечена културно-уметничка програма на тема „Времеплов“.

ОУ „Св. Климент Охридски“, воедно, на сите ѓраѓани им го честита престојниот празник 8 Декември – Св. Климент Охридски.