14 години за Стружани и Охриѓани – Локална агенција за развој

50 успешни проекти за младите, возрасните, невработените, жените и жителите во Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Вевчани се дел од биографијата на ЛАР Струга во изминатите 14 години. Многубројни образовни кампови, работилници, културно-забавни настани, кампањи за подигање на свеста, донаторски и волонтерски акции.

По овој повод, Локална агенција за развој организира настан на 21 јуни 2018 (четврток) во центарот на Струга кај Споменикот на револуцијата. Од 12 – 20 часот, ќе има инфо штанд каде граѓаните ќе можат да се запознаат со нивните досегашни активности и идни планови и да дадат свои предлози за потенцијални проекти. За оние кои сакаат да си го проверат знаењето и среќата, од 17 часот ќе има интерактивна игра на отворено за тимовите кои ќе се пријават и награди за најдобрите тимови. Ќе има многу забава и дружење. Сите се добредојдени.

Настанот „Успешните граѓански приказни на ЛАР“ е дел од годишната недела на Граѓански општествени организации во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско учество.