29/03/2024
Струга

17 годишен велосипедист настрада во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Струга

На 07.03.2021 во 11 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу селото Подмоље и Автокамот камп „Андон Дуков“, патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Р.(21) од Струга удрило во 17 годишен велосипедист од селото Ливада, струшко.

Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид.