30/04/2024
Македонија

218 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава (Видео)

Во текот на вчерашниот ден (04.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 218 возачи. Од нив, 59 возеле без возачка дозвола, 127 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.