23/04/2024
Охрид

32 издание на манифестацијата „Охридски староградски средби“

Вчеравечер пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа 32. издание на манифестација „Охридски староградски средби“.

На традиционалниот настан кој е поддржан од Општина Охрид, присуствуваше претседателката на Советот, Живка Ангелоска.

Во рамки на овогодинешната фестивалска програма настапија градскиот хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, КУД „Пере Тошев“ од Прилеп, Градскиот хор „2019“ од Штип, КУД „Никола Бадев“ од Кавадарци, Тамбурашкиот оркестар „Серенада“ од Тетово, КУД „Илинден“ од Струга и „Распеани гевгеличани“ од Гевгелија.

Манифестацијата се одржа согласно сите протоколи и мерките за заштита од „КОВИД-19“.