329 нови случаи на Ковид – 19, починати се 13 лица

Во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 178
• Велес – 27
• Куманово – 20
• Прилеп – 16
• Штип – 13
• Струмица – 10
• Охрид – 9
• Tетово, Пробиштип и Кочани – по 8
• Битола – 7
• Кочани и Гевгелија – по 5
• Свети Николе – 3
• Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2
• Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (91г, 88г, 79г, 78г,69г и 68г), 3 починати лица од Велес (86г, 72г и 57г) и по едно починато лице од Прилеп (57г), Тетово (64г), Крива Паланка (78г) и Куманово (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се двајца починати лица од Скопје, и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 200 оздравени пациенти од:

• Скопје – 103
• Куманово – 15
• Битола – 12
• Штип – 11
• Велес и Прилеп – по 9
• Крива Паланка – 7
• Кичево – 6
• Кочани и Свети Николе – по 5
• Кавадарци – 4
• Берово – 3
• Радовиш, Кратово и Богданци – по 2
• Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.342.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.091 бројката на оздравени пациенти е 183.227, на починати е 6.940, а бројот на активни случаи изнесува 6.924