27/07/2024
Македонија

399 нови случаи на Ковид – 19, починати се 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.337 тестирања, а регистрирани се 399 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 197
• Куманово – 49
• Тетово – 15
• Кочани – 14
• Битола – 13
• Кавадарци – 11
• Велес и Крива Паланка – по 10
• Струмица – 8
• Штип, Кичево, Гевгелија и Кратово – по 6
• Ресен, Радовиш, Пробиштип и Валандово – по 5
• Прилеп – 4
• Гостивар, Охрид, Богданци и Македонска Каменица – по 3
• Неготино, Свети Николе и Виница – по 2
• Струга, Дебар, Берово, Македонски Брод, Демир Хисар и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: 8 починати лица од Скопје (59г, 65г, 68г, 70г, 72г, 80г, 83г и 86г), 4 починати лица од Куманово (64г, 69г, 71г и 79г) и по едно починато лице од Охрид (93г), Радовиш (72г), Струмица (87г), Битола (90г) и Гостивар (63г). Од пријавените починати лица 16 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 24.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Тетово, Велес и Охрид, на возраст од 63 до 81 години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.
Регистрирани сe 1.348 оздравени пациенти од:
• Скопје – 419
• Струга – 196
• Охрид – 144
• Куманово – 87
• Тетово – 71
• Кичево – 45
• Струмица – 43
• Гостивар и Дебар – по 42
• Велес – 41
• Прилеп – 37
• Кавадарци – 34
• Битола – 26
• Штип и Свети Николе – по 16
• Ресен – 14
• Радовиш – 13
• Кочани и Гевгелија – по 11
• Виница – 8
• Кратово и Делчево – по 6
• Валандово – 5
• Пробиштип и Неготино – по 3
• Берово и Демир Хисар – по 2
• Крива Паланка, Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево и Демир Капија – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.305.039 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.052 бројката на оздравени пациенти е 175.496, на починати е 6.740, а бројот на активни случаи изнесува 10.816