23/04/2024
Македонија

46 нови случаи на Ковид -19, починати се 14 лица

Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во:

• Скопје – 19
• Радовиш – 5
• Прилеп и Кичево – по 4
• Куманово – 3
• Струмица, Битола и Гостивар – по 2
• Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).

Регистрирани се 147 оздравени пациенти од:
• Скопје – 73
• Куманово – 18
• Прилеп – 17
• Струмица, Штип и Кочани – по 5
• Битола и Велес – по 4
• Виница – 3
• Неготино и Пробиштип – по 2
• Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571 Види помалку