26/04/2024
Македонија

493 нови случаи на Ковид – 19, починати се 17 лица

Во последните 24 часа направени се 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на КОВИД-19 во:

· Скопје – 200
· Битола – 53
· Куманово, Велес и Прилеп – по 23
· Кавадарци – 20
· Кочани – 19
· Штип – 17
· Тетово – 13
· Делчево – 12
· Гевгелија и Неготино – по 10
· Демир Хисар – 8
· Струмица – 7
· Берово и Богданци – по 6
· Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5
· Радовиш и Ресен – по 4
· Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3
· Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2
· Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица: 4 починати лица од Куманово (62г, 64г, 78г и 93г), 3 починати лица од Прилеп ( 73г,76г и 79г), по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г), Велес (76г и 80г) и Кавадарци (57г и 71г), и по едно починато лице од Битола (78г), Делчево (41г), Крива Паланка (79г) и Ресен (71г). Од пријавените лица шеснаесет се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 6 починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 05.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 43-97г, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Регистрирани сe 532 оздравени пациенти од:

· Скопје – 232
· Битола – 44
· Кавадарци -29
· Кочани – 23
· Велес – 22
· Прилеп – 20
· Тетово – 16
· Куманово – 15
· Крива Паланка – 14
· Ресен – 12
· Штип и Делчево – по 10
· Охрид, Гевгелија и Берово – по 8
· Гостивар и Радовиш – по 7
· Кичево, Неготино и Пробиштип – по 6
· Свети Николе и Демир Хисар – по 5
· Валандово – 4
· Струга и Дебар – по 3
· Виница, Кратово, Богданци и Пехчево – по 2
· Дојран – 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.439.606 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, бројот на оздравени пациенти е 195.157, на починати е 7.390, а бројот на активни случаи изнесува 8.391.