26/04/2024
Македонија

50 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, девет возила упатени на вонреден технички преглед

Во текот на вчерашниот ден (17.05.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици и контрола на лица во казина и обложувалници.

При контролата констатирани се 50 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени девет возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.