28/04/2024
Македонија

526 нови случаи на Ковид – 19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 245
• Куманово – 43
• Велес – 22
• Прилеп и Охрид – по 19
• Штип – 18
• Кавадарци – 17
• Струмица – 16
• Крива Паланка – 15
• Битола – 12
• Тетово – 11
• Гостивар и Кочани – по 10
• Кичево и Гевгелија – по 9
• Свети Николе – 8
• Виница и Валандово – по 6
• Струга и Ресен – по 5
• Кратово – 4
• Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3
• Делчево и Демир Хисар – по 2
• Неготино, Дебар, ДемирКапија и МакедонскаКаменица – по 1
Регистрирани сe 830 оздравени пациенти од:
• Скопје – 250
• Струга – 186
• Охрид – 103
• Струмица – 91
• Куманово – 28
• Тетово – 22
• Кичево – 18
• Кавадарци – 17
• Велес, Штип и Битола – по 12
• Кочани – 10
• Прилеп и Гостивар – по 9
• Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово – по 6
• Кратово и Дебар – по 5
• Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 2
• Крива Паланка, Виница и Богданци – по 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 9 починати лица од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), 2 починати лица од Куманово (63г и 60г) и по едно починато лице од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150